Skip to main content

Европската мисија сеуште чека на отчетот за 162.534 евра

Во врска со прилогот за проектот „Духот на Охрид“, висината на средствата кои беа вложени во овој проект, како и нивната наменска примена, нашата информативна редакција побара објаснување од Европската комисија, од каде го добивме следниот одговор:

 |  Крсте Голабовски  | 
Duhot na Ohrid

Ohrid„Духот на Охрид“ беше дел од Соседската програма на Европската Унија 2005. Корисник на средставта кои беа одобрени, беше општината на град Охрид. Висината на средствата во реализавијата на овој проект со кој учествуваше Европската комисија изнесуваше 162.534 евра. Договорот беше потпишан на 29/08 2007 година со период за имплементација во траење од 13 месеци. Целта на овој проект е промоција на културните и туристичките ресурси со цел јакнење на еконмскиот развој и вработеноста во регионов. Веруваме дека овој проект ќе ги исполни целите од кои интерес ќе има општината Охрид.

Во согласност со зацртаните правила, корисникот на овие средства е должен да поднесе финансиски, наративен и усен извештај, врз основа на кој, делегација од Европската Комисија ќе ја испита имплементацијата на проектот.“

Амбасадор

Ерван Фуере