Skip to main content

Шеесет и седум години од почетокот на антифашистичкото востание и НОВ

Република Македонија денеска одбележува 67 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна.

makedonsko zname
makedonsko zname
Република Македонија денеска одбележува 67 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна.

Со нападот на борците од Првиот прилепски партизански одред врз бугарскиот полициски участок и врз телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп на 11 октомври 1941 година беше означен почетокот на организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за конечно ослободување на земјата.
Следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред. 11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција Македонија застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности.
Македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии.

За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети. Круна на таа борба се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.
Минувајќи го патот на својот повеќедецениски развој и растеж како дел од СФРЈ, а во последните 16 години како самостојна држава, пребродувајќи го конфликтот во 2001 година и од него произлезениот Рамковен договор, Македонија, која е полноправна членка на Обединетите нации, денес чекори на патот кон евроатлантските интеграции.

По повод 67-та годишнина од Денот на народното востание – 11 Октомври, синоќа во Домот на АРМ се одржа свечена академија на која говореше и премиерот Никола Груевски.
Осврнувајќи се на актуелните состојби, премиерот Груевски рече дека пред нас стојат сериозни предизвици пред кои мора да истраеме, и како и нашите претходници, со верба во идеалот да се избориме за она што е наше – нашиот идентитет, посебност, историја и култура. Истиот тој идентитет и име за кое, додаде, тие се бореле, и кое претставува историско обврска кон нашиот народ и должност кон идните генерации и повика на сплотеност и обединување без оглед на партиската, верската, етничката или било каква друга припадност.

Kumanovo„Само ако сме сплотени ќе ја оствариме нашата цел, но ако сме разединети ќе паднеме пред тестот на историјата, затоа што одговорноста, која ја носиме како индивидуи денеска е ставена на тест, од чиј исход зависи нашата иднина. Само заедно ќе поминеме преку ова. Не можеме сами, не можам ниту јас сам, Никола Груевски, ниту Бранко Црвенковски, ниту Зоран Заев, ниту Али Ахмети ниту Мендух Тачи ниту другите. Не можат сами ниту Македонците, ниту Албанците, Турците, Србите, Ромите и Бошњаците и останатите. Не можат сами. Не можеме сами, но можеме заедно. Треба само да веруваме и мора да истраеме. Да истраеме заради Македонија. Ние немаме друг пат, ниту пак друга држава како што и претходно беше кажано. Ние ја имаме нашата татковина Република Македонија. Ние сме должни да го оствариме вековниот стремеж на македонскиот народ, да ја чуваме и градиме нашата земја, да се бориме за неа, да работиме за неа. Само на тој начин ниедна битка нема да биде изгубена, ниту било која заложба претешка“, порача премиерот Груевски.

PrilepТрадиционално на празникот, во македонското Собрание ќе биде врачена годишната државна награда „11 Октомври“ која се доделува за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија. Годинашни добитници на наградaта се проф. д-р Коста Пеев, лингвист од Скопје, проф. д-р Михајло Миновски, историчар од Скопје и Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија на МАНУ од Скопје. Наградата за животно дело во областа на културата и уметноста ќе му биде врачена на академик Божин Павловски, писател од Скопје