Skip to main content

Јанковиќ се одлепи од останатите тенисерки на ВТА листата

Во период од три недели и освоените титули на турнирите во Пекинг,Москва и Штутгард, Јелена акумулира доволно поени да во 2008 година неприкосновено владее на ВТА листата.

 |  Крсте Голабовски  | 
Jelena Jankovic
Jelena Jankovic
Во период од три недели и освоените титули на турнирите во Пекинг,Москва и Штутгард, Јелена акумулира доволно поени да во 2008 година неприкосновено владее на ВТА листата.

Дваесет и три годишната белграѓанка има речиси 800 поени предност и пред најблиската пријателка, 22-годишната Динара Сафина. Срена Вилијамс пред две недели ја држеше првата позиција, но само со провото коло во Штутгард и отказит на Кремлин купот падна на третата позиција.
Со оглед на малите бодовни разлики не е за чудење што оваа недела позициите ги заменија и Ана Ивановиќ и Елена Дементиева, како и вера Звонарева и венус Вилијамс.

Jelena JankovicДваесет и четири годишната русинка во финалето во родната Москва на постарата сестра Вилијамс и го одзеде осмото место во трката за големото финале на сезоната во Доха, предност пред седумкратната Грен Слем победничка е речиси 200 поени.

Моментално вака изгледа редоследот на десетте најдобри ссветски тенисерки:

1.    Јелена Јанковиќ
2.    Динара Сафина
3.    Серена Вилијамс
4.    Ана Ивановиќ
5.    Елена Дементиева
6.    Марија Шарапова,
7.    Светлана Кузнјецова
8.    Вера Звонарева
9.    Венус Вилијамс
10.    Агнишка Радванска