Skip to main content

Штерн најави играње на официјалните натпревари во Европа

Комесарот на НБА лигата изјави денес дека постои можност да во наредните три години некои од официјалните натпревари бидат одиграни во Европа.

 |  Крсте Голабовски  | 
nba igrac
nba igrac
Комесарот на НБА лигата изјави денес дека постои можност да во наредните три години некои од официјалните натпревари бидат одиграни во Европа.

“Иако сеуште немаме јасен план во врска со ова, предложено ни е наредните три сезони да организираме натпревари од регуларниот дел на НБА лигата, во Европа. Реално е да барем еден натпревар биде одигран на тој континент“, изјави Штерн кој моментално живее во Лондон.

nbaВчера во Лондон пријателски натпревар одиграа екипите на Мајами и Њу Џерси. Најдобриот играч од Мајами, Двејн Вејд изјави дека, „уживав во енергијата која публиката ја испраќаше од трибините“.

„Кога се наоѓаш на почетокот на кариерата, не размислуваш за тоа како еден ден можеш да постанеш познат во целиот свет. Тоа е прекраасно чувство“, изјави Вејд.

Првиот НБА натпревар надвор од САД е одигран во 1991 година во Токио.