Skip to main content

Охриѓани уште еднаш ја покажаа својата хуманост

Над 500 пакети со прехрамбени производи ќе им бидат доделени на социјалните случаи во градов. На ваков начин Црвениот крст го одбележа Светскиот ден за борба против гладта.

 |  Лионела Јаковлева  | 
paketi
paketi
Над 500 пакети со прехрамбени производи ќе им бидат доделени на социјалните случаи во градов. На ваков начин Црвениот крст го одбележа Светскиот ден за борба против гладта.

Охриѓани го одбележаа почетокот на неделата за борба против гладта. Денес на градскиот плоштад активисти од Црвениот крст како и ученици од основните училишта во градов на нивните соученици чии родители имаат помали финансиски примања им делеа пакетчиња со прехрамбени производи и средства за лична хигиена.

sediste crven krstЦрвениот крст заедно со повеќе институции, маркети и поединци од градов подготви над 500 пакети со прехрамбени производи кои ќе им бидат поделени на материјално загрозените семејства. Граѓаните кои спаѓаат во оваа ранлива категорија ја поздравија оваа иницијатива и посакаа вакви настани да има почесто.

Во текот на оваа недела ќе бидат продавани и шољи по цена од 150 ден како и бончиња чија вредност е 20 ден. Собраните средства ќе бидат употребени за купување прехрамбени производи за гладните во Охрид.