Skip to main content

Започна вакцинирањето против сезонски грип

Во Заводите за здравствена  заштита  започна имунизацијата против сезонскиот грип.

 |  Валентина Нелоска  | 
vakcinacija
vakcinacija
Охриѓани поитаа да ја примат вакцината и да се заштитат. Интересот за вакцинација е поголем за разлика од лани велат докторите. Годинава Заводот за здравствена  заштита од Охрид  набавил 1100 дози. За само два дена се  имунизиарани над 315 лица, кои за примање на вакцина  издвоиле  400 денари.

imunizacijaД-р Јованка Стурлакова Коровешоска, епидемиолог од охридскиот завод вели дека Светската здравствена организација препорачува вакцинирање на сите лица кои имаат  намален имунитет и хронични заболувања, како и на здравстените работници и лицата  кои работат во јавните служби.

Во месец февруари, Центарот за контрола на болести го одредува  типот на вакцината. Во сезоната  2008 / 2009  се претпоставува дека ќе циркулираат вирусите АХ1Н1 И ХЗН2 и типот Б.