Skip to main content

Одржан првиот состанок на прекуграничниот Форум за животна средина

Целта на состанокот е да се подобри комуникацијата и соработката помеѓу Националниот парк Галичица и националниот парк од Преспа- Албанија.

 |  Тања Кувенџиска  | 
nacionalen park Galicica
nacionalen park Galicica
Се одржа првата средба организирана од страна на прекуграничниот Форум за животна средина. Учествуваа претставници на Јавната установа Национален парк Галичица и нивните колеги од Преспа- Албанија. Присуствуваа и претставници на локалните заедници од населените места во границите на парковите и од невладини организации од Р. Албанија.
Целта на средбата е подобрување на комуникацијата и соработката помеѓу двата национални паркови и локалните заедици. При тоа да се интензивира и прекуграничната соработка во однос на заштитата на природата и одржливиот развој.

nacionalen park GalicicaСредбата беше организирана од страна на КРИК – Регионалниот центар за интервенција и соработка од Република Италија.
Планирано е вакви средби на прекуграничниот Форум за животна средина да се одржуваат неколку пати годишно, со континурана работа на поединечните форуми за животна средина на двата паркови.