Skip to main content

Охридските ротаријанци продолжуваат со своите хумани дела

Наскоро најавуваат голема донација која ќе им го подобри живеењето на многу луѓе во градов.

 |  Тања Кувенџиска  | 
Rotary club
Rotary club
Продолжуваат хуманите дела на Ротари клубовите.

Викендов во Охрид престојуваше првиот човек на Ротари клубот од Анкара, Турција кој најави збратимување со охридскиот клуб. Горан Балески , Претседател на Ротари клуб- Охрид најавува голема донација која на многу охриѓани ќе им го подобри животот. Сепак, вели: рано е да откриеме за што точно станува збор.
На нашите средби постојано разменуваме  нови идеи со чија реализација веруваме дека ќе им помогнеме на луѓето на кои помошта им е најпотребна, велат ротаријанците.

Rotary clubРотари клубот од Турција, во рамките на својата посета на Македонија, на гинеколошко- акушерското одделение во битолската Општа болница донира мобилен инкубатор.Тоа ќе придонесе за намалување на  смртноста кај  новороденчињата.

Тоа е и годинешното мото на Ротари клубовите низ светот: „ Да помогнеме да се остварат детските соништа“, објаснува Мирко Велкоски од битолскиот Ротари клуб. Се донираат средства кои ќе им овозможат посветла иднина на најмладите.

Охридскиот  клуб  работи веќе пет години и е дел од Интернационалниот Ротари. Тоа е здружение основано во Чикаго во 1905 година. Подоцна се формирале клубови и во многу други градови во САД  и во Европа. Денес има околу 32.000 ротари клубови во околу 200 држави.