Skip to main content

Осум македонски икони на големата изложба во Лондон „1100 години Византија“

Осум македонски икони од Галеријата во Охрид, се изложени на големата изложба „1100 години Византија“, што синоќа свечено беше отворена во Лондон.

obzaluvanje na Isus
obzaluvanje na Isus
Осум македонски икони од Галеријата во Охрид, се изложени на големата изложба „1100 години Византија“, што синоќа свечено беше отворена во Лондон.

Изложабата опфаќа околу 350 најразлични експонати, како икони, детали од ѕидно сликарство, мали мозаици, предмети од емајл, злато и сребро, уметнички предмети изработени од слонова коска, како и најразличен накит. Организаторите објаснуваат дека изложбата е своевидна сторија за една империја која се простирала од Константинопол (денешен Истанбул), преку Мала Азија, Светата земја и Блискиот Исток, Северна Африка и Египет, Балканот, јужнте делови на Италија и на Шпанија, а која веќе точно 555 години не постои, но која на денешните генерации и на современата цивилизација им оставила трајни вредности и уметнички дела и предмети што сега се собрани во галериите на лондонската Кралска академија на уметноста.

Заедно со охридските икони, се наоѓаат и значајни уметнички дела и предмети од византиско време земени од музеи, галерии и црковни ризници, почнувајки од базиликата Сан Марко во Венеција, преку Британскиот музеј во Лондон, до галериите низ Европа и на Балканот, како и во Русија, Украина, Египет и САД. Изложбата почнува со времето на создавањето на Константинопол во 330 година од римскиот император Константин Велики, а завршува со паѓањето на градот под власта на Отоманските Турци во 1453 година, прикажувајќи ја долгата историја на византиската уметност, но и на господарите и уметниците од светот во кој тие живееле.

Sv. Kliment Ohridski ikonaОрганизатори на изложбата се Кралската академија на уметноста во Лондон и музејот Бенаки од Атина.
Во настојување да се избегне секаква политизација на изложбата, јавува дописникот на МИА од Лондон, направен е максимален напор да се оневозможи секакво „присвојување“ на времето и традициите на Византија од „кого било“, вклучувајки ја и Грција, без разлика што главните спонзори на целиот овој скап проект се фондациите на тројца поранешни грчки бродосопственици.

Лондонската Кралска академија не дозволи и „спорот“ на Грција со Македонија околу името да се префрли на британска почва, па сите експонати се означени со името на  градовите каде шти тие се постојано изложени, а не на државите од каде доаѓаат, сакајќи да се избегне грчкото инсистирање за нашата земја да се користи привременото, а не уставното име на Македонија. На сите македонски икони стои дека се земени од Охридската галерија, а изборот која од нив ќе се донесе во Лондон, го направија британските експерти.

Изложбата беше отворена во присуство на голем број истакнати личности од светот на културата и уметноста во британскиот главен град, како и од претставници на дипломатскиот кор. На свеченото отворање присуствуваше и амбасадорот на Република Македонија Марија Ефремова.

За посетителите изложбата „1100 години Византија“ ќе биде отворена од сабота, а ќе трае до крајот на март 2009 година.