Skip to main content

Парче од олимпискиот тревник, продадено за 300 евра

Парче од тревникот на прочуениот стадион „Птичје гнездо’ во Пекинг, на кој летово се оддржаа Олимписките игри, се продаде како сувенир за 2.900 јуанри (300 евра), пренесува денеска весникот „Пекингшки вести“.

 |  Крсте Голабовски  | 
gnezdo
гнездо
Парче од тревникот на прочуениот стадион „Птичје гнездо’ во Пекинг, на кој летово се оддржаа Олимписките игри, се продаде како сувенир за 2.900 јуанри (300 евра), пренесува денеска весникот „Пекингшки вести“.  

Околу 10.000 кутии со парчиња од олимпискиот тревник и факелот изработен од преостанатиот метал што беше користен во изградбата на стадионот, се најдоа на продажба во кинеската престолнина и преку ИНтеренет, наведува весникот.

GnezdoСтадионот, што може да прими 91.000 посетители, стана симбол на летните Олимписки игри 2008 година. На него се оддржаа сите атлетски натпревари, како и церемониите на свеченото отворање и затворање на Игрите.

По завршувањето на Параолимпијадата, стадионот беше отворен и за туристите. На првиот ден речиси 60.000 туристи платија по 50 јуани за да влезат и да ја видат славната спортска арена.

 

 

{loadposition content9}