Skip to main content

Децата со интелектуална попреченост сега се гледаат со други очи

Полека се надминуваат предрасудите кај широката јавност но и кај родителите. Покрај финансиите, тоа е и една од причините, зошто ваквите лица не се згрижени во дневен центар.

 |  Билјана Ќосесека  | 
Poraka
Порака
Полека се надминуваат предрасудите кај широката јавност но и кај родителите. Покрај финансиите, тоа е и една од причините, зошто ваквите лица не се згрижени во дневен центар.

Се надминуваат предрасудите за децата со интелектуална попреченост. Јавноста полека ги прифаќа овие лица онакви какви што се. Исчезнува и  несигурноста  кај  повеќето родителите  кои имаат вакви деца а не сакаат да ги експонираат пред пошироката јавност.  Стружанецот Ичмет Дика,  родител на дете со интелектуална попреченост згрижено во центарот „Порака“ е горд што неговото дете е дел од како што самиот рече, второто семејство со кое го поминува останатиот дел од  денот.

„Моето дете во центарот е 3 години. Како семејство  и родители сме многу задоволни како во центарот се грижливи. Одиме на работа и знаеме дека детето ни е на сигурно место“-вели родителот Ичмает Дика.

Тој кажува дека неговото дете од кога е член во „Порака“  ги знае вештините  самостоен живот. Секојдневните активности како и патувањата што ги организира центарот,  прават нашите деца да се чувствуваат среќни како и сите нивни другарчи.
Во струшкиот центар  „Порака“ моментално има 11 членови, но истиот може да згрижи 18. Во овој регион, бројот на оваа категорија  лица не е точно одреден,  но цифра е голема, вели претседателот на здружението „Порака“. Има неколку причини поради кои децата со интелектуална попреченост од градот но и околината,  не се корисници на дневникот  центарот, додаде првиот човек на „Порака“.

Poraka„Овие деца за разлика од другите кои одат во редовно образоваие немаат можност да користат средства.Тоа е еден проблем, но друг е тоа што не се целосно надминати предрасудите за овие лица во јавниот живот“ вели Симон Алексиески, пртседател на Дневен Центар „Порака“ од Струга.

Tој раскажа една ситуација, кога  некој таксист одбивал да го превозе дете со интелектуална попреченост,  токму поради предрасудите.

Инаку денес, дневниот центар “Порака“ по повод 3 декември „Денот на лицата со пречки во развојот“ организира средба на родители чии деца се згрижени во центарот заедно со родители кои немаат допирни точки со истиот. Алексиески смета дека со ваквите активности, родителите ќе разменат искуства и на тој начин ќе се допринесе  семејствата на лицата со интелектуална попреченост кои не се згрижени во “Порака“ да покажат интерес. На тој начин ќе се подобри состојбата на овие лица, додаде претседателот.

 

 

{loadposition content9}