Skip to main content

Снежни бури во САД стотици илјади лица оставија без струја и предизвикаа хаос на аеродромите

Снежни бури оставија без електрична енергија над 200.000 потрошувачи во централниот дел на САД и предизвикаа хаос по аеродромите во државата Њујорк.

 |  Крсте Голабовски  | 
snezna bura
снежна бура
Снежни бури оставија без електрична енергија над 200.000 потрошувачи во централниот дел на САД и предизвикаа хаос по аеродромите во државата Њујорк.

Прекинат е дотокот на електрична енергија до домовите на 161.000 клиенти во државата Индијана, 47.000 во Илиноис и 15.000 во Охајо.
Лошото време е причина и за откажување на приближно 600 полетувања во државата Њујорк, од кои над 200 од меѓународните аеродроми „Ла Гардија” и “Џон Ф. Кенеди”.
Метеоролозите предвидуваат дека во повеќе реони во државите Њујорк, Конектикат и Масачусетс за неколку часа ќе се наслага снежна покривка од 30-тина сантиметри, каква што веќе има во јужниот дел на Висконсин.

 

snezna buraСнежните врнежи ќе продолжат и во следните неколку дена.
Лошото време може да има негативни последици и за заработувачката на продавниците во последните денови пред Божик.

 

{loadposition content9}