Skip to main content

Денот на наставата на турски јазик 21 декември

По повод Денот на наставата на турски јазик – 21 декември денеска во Скопје ќе се одржи втор Меѓународен симпозиум на настава на турски јазик на тема „Минатото, сегашноста и идната на Турците на Балканот“.

tursko zname
турско знаме
По повод Денот на наставата на турски јазик – 21 декември денеска во Скопје ќе се одржи втор Меѓународен симпозиум на настава на турски јазик на тема „Минатото, сегашноста и идната на Турците на Балканот“.

На Симпозиумот воведни говори ќе имат вицепремиерот Абдулаќим Адеми и министерот без ресор Хади Незир, а ќе учествуваат и турскиот амбасадор во Македонија Арслан Хакан Окчал, академикот Иван Катарџиев, политикологот од Босфорскиот универзитет Ајди Бабуна, директорот на Османлиската архива во Турција Ондер Бајир, аналитичарот Ѓунер Исмаил и претседателот на турските невладини организации во Македонија – МАТУСИТЕБ Сулејман Баки.

devojceПо истиот повод денеска попладне ќе се одржи и симпозиум на тема „Полето на културна и политичка соработка на Турците на Балканот“ на кој свои излагања ќе имаат Мурат Мерџан пратеник во Парламентот на Република Турција, Ахмет Хаџиосман, пратеник во грчкиот парламент, Махир Јагџилар, министер за животна средина во Република Косово, Ахмет Хусејин, пратеник во бугарскиот парламент и Кенан Хасип, пратеник во Парламентот на Република Македонија.

 

 

{loadposition content9}