Skip to main content

Крвавиот пир на Дедо мраз во Калифорнија

Осум тела се пронајдени меѓу остатоците од опожарената куќа во Калифорнија, која беше запалена од Американец, облечен како Дедо Мраз.

 |  Крсте Голабовски  | 
ubistvo
убиство
Осум тела се пронајдени меѓу остатоците од опожарената куќа во Калифорнија, која беше запалена од Американец, облечен како Дедо Мраз. Брус Џефри Пардо пред да го подметне пожарот од засега непознати причини отворил оган кон присутните на прославувањето на Божик, а неколку часа подоцна се самоубил.

Трагедијата се случи во Ковина, 37 километри источно од Лос Анџелес, кога 45-годишниот Пардо заминал на празнување на Божик во куќата на родителите на неговата поранешна сопруга. Се претпоставува дека и таа е меѓу загинатите.
Мажот носел два пиштоли и рачно изработена експлозвина направа, која распрскувала запаллива течност.

KalifornijaТелата откриени на местото на настанот се опожарени и е тешко да се идентификуваат.
Се уште не е познато колкумина загинале од огнено оружје, а колкумина во пожарот. Во инцидентот се ранети две деца, но тие се надвор од животна опасност.

Полицијата смета дека станува збор за смеен спор. Пардо и неговата поранешна сопруга неодамна прeживеала мошне тежок развод.

 

 

{loadposition content9}