Skip to main content

Новогодишна луда забава со Игор Џамбазов и Силви бенд

Игор Џамбазов со Нокаут, Силви бенд, Ева и Камелеон ќе ги забавуваат охриѓани и гостите кои најлудата ноќ ќе ја дочекаат на градскиот плоштад во Охрид. Првиот човек на градов вели дека Охрид за празниците ќе биде поубав од секогаш, но за тоа треба да приодонесат и граѓаните, додава тој.

 |  Крсте Голабовски  | 
Aleksandar Petreski
Александар Петрески
Игор Џамбазов со Нокаут, Силви бенд, Ева и Камелеон ќе ги забавуваат охриѓани и гостите кои најлудата ноќ ќе ја дочекаат на градскиот плоштад во Охрид. Првиот човек на градов вели дека Охрид за празниците ќе биде поубав од секогаш, но за тоа треба да приодонесат и граѓаните, додава тој.

Охриѓани, а и гостите кои најлудата ноќ ќе ја поминат на градскиот плоштад во Охрид, покрај Ева и Камелеон по се изгледа ќе ги забавуваат и Игор Џамбазов со групата Нокаут како и Силви Бенд. Преговорите се во тек, вели првиот човек на градов.

OhridГрадоначалникот на Охрид вели дека на оние кои ќе настапуваат за новогодишните празници во градов треба да им е особена чест бидејќи ќе имаат можност да ги видат и слушнат околу 30 000 гости кои се очекува да ја дочекаат 2009 во Охрид.

Ова новогодишното издание на Охрид ќе биде уште поубаво од ланското, ветува Петрески. Градоначалникот вели дека ќе го исполни даденото ветување градов секој нареден дочек на Новата година да биде поразличен и поподготвен од минатогодишниот, но очекува и граѓаните да придонесат за убавата атмосвера. Тој е непријатно изненаден од несовесните граѓани кои деновиве уништиле поголем број новогодишни реквизити на различни локации од градов па апелира до сите за украсите да се грижат како да се во нивниот двор.

Влегувањето во 2009 ќе биде одбележано и со голем огномет на градскиот плоштад.

 

 

{loadposition content9}