Skip to main content

Крај на Челзи на Роман Абрамовиќ

Роман Абрамовиќ сериозно размислува да го продаде Челзи, бидејќи поради светската економска криза загуби над 14 милиони евра.

 |  Крсте Голабовски  | 
Roman Abramamovic
Роман Абрамович
Роман Абрамовиќ сериозно размислува да го продаде Челзи, бидејќи поради светската економска криза загуби над 14 милиони евра.

Рускиот милијардер остана само на 2,3 милијарди евра па почна да воведува мерки на штедење. Отпушти 15 скаути кои го чинат 165.000 евра годишно, а ни оброците за неговите играчи во кантината не се повеќе бесплатни. Втората опција на Роман е продажбата на 115 метри долгата и 200 милиони вредната јахта „Пеларус“.

ChelseaОткако го купи Челзи во јули 2003 година за околу 200 милиони евра, Абрамовиќ вложи уште половина милијарда во играчи како што се Шевченко, Деко, Балак,Есјен и Ањелка, но клубот успеа да освои четири трофеи.

Економските експерти тврдат дека Абрамовиќ уште од ноември месец сака да го продаде Челзи, но чека некој кој ќе може да ги исполни своите обврскиво клубот кој од доаѓањето на русинот стана еден од најдобрите европски клубови.

 

 

{loadposition content9}