Skip to main content

Ливерпул го подржа Жерард

Фудбалскиот клуб Ливерпул даде полна подршка за својот капитен Стивен Жерар на кој му прети затворска казна до пет години поради тепачка во бар.

 |  Крсте Голабовски  | 
Liverpul
Ливерпул
Фудбалскиот клуб Ливерпул даде полна подршка за својот капитен Стивен Жерар на кој му прети затворска казна до пет години поради тепачка во бар.

„Стивен беше верен слуга на Ливерпул во претходните десет години и поради тоа клуботќе му помогне на секој можен начин“, пишува во соопштението.

Stiven ZerarЏерард се степа во барот „Лаунџ Ин“ додека го прославуваше триумфот на Њу Касл во 20-то коло од Премиер лигата. Тогаш е претепан  ди-џејот Маркус Мекги кој се здоби со повреди на лицето и освен Џерард и неговите двајца пријатели Џон Доран и Јан Смит.
Официјалното лице на Crown Prosecution сервисот належното тело во Англија и Велс за такви и слични случаи, изјави дека доколку биде осуден Жерард би можел да помине и до 5 години во затвор.

Стивен Жерар има 28 години и позади себе еднацела фудбалска кариера помината во Ливерпул. За репрезентацијата на Англија настапува од 2000 година , а на 70 натпревари постигнал 14 голови.
Ливерпул моментално е лидер на табелата на Премиер лигата со 45 поени, додека црвените во осмина финалето на Лигата ќе се сретнат со мадридскиот Реал.

 

 

{loadposition content9}