Skip to main content

Започна зимскиот распуст за учениците

Околу 320 илјади ученици, од кои 225 илјади основци и 95 илјади средношколци, од денеска до 19 јануари се на зимски распуст, а од 20-ти јануари ќе продолжат во второ полугодие на учебната 2009/2010-та.

deca
деца

Околу 320 илјади ученици, од кои 225 илјади основци и 95 илјади средношколци, од денеска до 19 јануари се на зимски распуст, а од 20-ти јануари ќе продолжат во второ полугодие на учебната 2009/2010-та.

klupaМинистерот за образование и наука Никола Тодоров, првото полугодие, од кога почна и неговата министерска функција, го оцени како тежок период на сложени проекти, посебно за објавување и дистрибуција на бесплатните учебници, кој почна на први септември.
Тодоров посочи дека учебниците за четврто и за седмо одделение, по предметите музичко, ликовно и физичко и за граѓанско образование, доцнат зашто е потребен уште еден тендер кој законски не може да биде распишан во иста година со првиот. 
„Се соочивме со процедурални проблеми поради кои не можевме навреме да стигнеме да ги испорачаме сите учебници. Не можевме да распишеме уште еден тендер за иста работа во иста година. Жалам поради тоа. Тоа сигурно ќе се одрази врз  квалитетот на наставата, но ќе направиме се во второто полугодие навремено да ги доставиме овие учебници“, истакна во средата минситерот Тодоров.
Тој додаде деке во 201 г. во областа на образованието ќе се фокусира на квалитетот на програмите, учебниците, наставниот кадар и на квалитетот на просторните услови. Посебно внимание, како што рече, ќе има науката, за која буџетот за идната година првпат е двојно зголемен и наспроти  195 милиони денари  во 2009 година, изнесува  415 милиони денари.
„Очекувам наредната година да биде повеќе година на науката. Ќе се фокусираме на набавка на лаборатории, на превод на нови 500 наслови од врвните универзитети, на проекти и програми во областа на науката, на доделување стипендии на наши талентирани студенти да се школуваат на најреномираните универзитети во светот и на многу други проекти“, рече вчера Тодоров.

{loadposition content9}