Skip to main content

Одбележан патронатот во основното училиште „Свети Наум Охридски“

По повод патрониот празник,  вчера се презентираа дел од остварувањата на училиштето за изминатата година и плановите за наредната.

 |  Ристе Јакимовски  | 
OU. Sv.Naum Ohridski
ОУ Св. Наум Охридски
По повод патрониот празник,  вчера се презентираа дел од остварувањата на училиштето за изминатата година и плановите за наредната.

Главниот настан покрај патронатот на училиштето и приредбата на учениците беше свеченото пуштање на парното греење во основното училиште.

Промените кои се случуваат во образованието вклучуваат високи стандарди, употреба на современа информатичка технологија и изучување на странски јазик уште од најмала возраст. Со цел реализирање на овие стандарди   ОУ“Свети Наум Охридски“ е вклучено во најновиот петгодишен проект финанасиран од УСАИД и Министерството за образование. Со овој проект е предвидено реновирање  и осовременување на училиштата, унапредување на наставата, оценување  на работата на основното училиште.

Aleksandar PetreskiПокрај училиштето,  Министерството за образование  и локалната самоуправа излегоа во пресрет при реализацијата на различните проекти
Во обраќањето кон присутните директорката на училиштето истакна дека и во наредната година ќе продолжи соработката со локалната самоуправа и Министерсвото за образование, за конечна реализација на предвидените  проекти. Се тоа, со цел  да се обезбеди пријатна клима за учење во училиштето.

Од страна на директорката беше доделена благодарница на градоначалникот и признанија на учениците со висок успех.
Настанот беше затворен со програмата која ја имаа подготвено учениците.

 

{loadposition content9}