Инциденти на новогодишната ноќ во Атина и Солун
Новогодишната ноќ помина со инциденти во грчката престолнина Атина.
Непознати напаѓачи со молотови коктели ги нападнаа канцелариите на 10 банки и на два автосалона во центарот на градот. Нема настрадани во нападите, а се трага по напаѓачите.
| Крсте Голабовски | Свет
Солун
Новогодишната ноќ помина со инциденти во грчката престолнина Атина.
Непознати напаѓачи со молотови коктели ги нападнаа канцелариите на 10 банки и на два автосалона во центарот на градот. Нема настрадани во нападите, а се трага по напаѓачите.
Прославата на Нова година во Атина помина во засилени мерки на безбедност поради бранот протести што ја зафатија Грција во декември, по убиството на 15-годишно момче во атинскиот кварт Екзархија.
Во вториот по големина грчки град Солун во текот на новогодишната ноќ имаше судири на млади луѓе со полицијата. Околу 150 момчиња поставија експлозивни направи пред филијалите на неколку банки и пред излозите на неколку продавници. Предизвикани беа пожари, кои набрзо беа совладани. Момчињата потоа палеја контејнери за ѓубре по што се судрија со полицајците кон кои фрлија молотови коктели.

{loadposition content9}