Skip to main content

Од денеска на пазарење со торба од дома

Граѓаните од Нова година пластичните ќеси што досега ги добиваа при пазарењето во продавниците ќе мора да ги заменат со хартиени или платнени торби што ќе ги носат од дома, а за купена стока потешка од пет килограми за да добијат ќеса ќе мора да платат.

najlon kesa
најлон кеса

 

Граѓаните од Нова година пластичните ќеси што досега ги добиваа при пазарењето во продавниците ќе мора да ги заменат со хартиени или платнени торби што ќе ги носат од дома, а за купена стока потешка од пет килограми за да добијат ќеса ќе мора да платат.

Забраната за користење на пласични ќеси произлегува од наредбата на Министерството за животна средина и просторно планирање, со што ќе се отстранат малите ќеси во кои се пакуваат производите купени во малопродажната мрежа. Според наредбата, продавачите не смеат да даваат пластична ќеса за купената стока полесна од пет килограми, додека за поголема тежина од таа купувачите мора сами да си платат.

najlon kesiИсклучок се ќесите кои се употребуваат за размерување и пакување на храна и прехранбени производи, зеленчук, овошје, месо, брашно…. кои на барање на купувачот се размерува и пакува во помала количина со носивост до пет килограми.
Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи смета дека со секој даден минимален паричен износ за купена ќеса, кај граѓаните ќе се подигне сознанието дека влијаат негативно врз животната средина.
Со ова се настојува да се подигне јавната свест и одговорност за влијанието што го вршат врз животната средина.

Министерството, како алтернатива посочува користење на хартиени ќеси и платнени торби и препорачува ќеси од рециклирана хартија.
Наредбата не се однесува за примена на пластични ќеси за транспорт на производи од текстил, техничка стока, мебел, санитарии, железарии, лекови и помошни медицински производи, садови за домаќинство, сите видови обувки, детски играчки, спортска опрема и слична габаритна стока, која не е предмет на секојдневна општа потрошувачка.
Во аптеките наредбата се применува само при продажбата на козметичките производи, додека за лековите и помошните медицински производи не се однесува.
Определбата на Владата целосно е поддржана од Групацијата за производство и преработка на пластични маси, но сметаат дека рокот за примена на наредбата е прекраток.
Иницијативата за забрана на ќесите со носивост помала од пет килограми е на Министерството за животна средина и просторно планирање заради заштита на животната средина, а произлегува од Законот за животна средина кој е во согласност со директивите на ЕУ. Глобата за непочитување на наредбата за правните лица изнесува 6.000 евра.

 

{loadposition content9}