Skip to main content

Манчестер Сити го сака Вејн Бриџ

Манчестер Сити одлучи да плати 12 милиони фунти за фудбалерот на Челзи, Вејн Бриџ.

 |  Крсте Голабовски  | 
Wane Bridge
Вејн Бриџ
Манчестер Сити одлучи да плати 12 милиони фунти за фудбалерот на Челзи, Вејн Бриџ.

28 годишниот лев бек претходните сезони беше токму замена за играчот од англиската репрезентација Ешли Кол.

„Се надеваме дека во ова време следната недела ќе имае нови играчи. Не е лесно да се работи во јануарскиот преоден рок, но даваме се од себе да донесеме некои играчи. Би сакале да направиме нешто што е можно подобро“, изјави менаџерот на Сити, Марк Хјуз.

logoМенаџерот на Челзи, Луиз фелипе Сколари исто така сака да го засили својот тим, но прво мора да продаде некој играч така да најверојатно Бриџ ќе мора да ги напушти сините после пет и пол години.

Моментално Манчестер Сити е на 13-то место на табелата со 22 поени, додека Челзи е второпласиран со три поени помалу од водечкиот Ливерпул.

 

 

{loadposition content9}