Skip to main content

Инспекторите од дирекцијата за храна, од денес во акција

Инспекторите од Дирекцијата за храна денеска ќе извршат увид на состојбата на сите пазари во Македонија и во објектите лоцирани во рамки на пазарите по повод обврската за воведување на ХАСАП стандардите.

 |  Тања Кувенџиска  | 
hrana
храна
Инспекторите од Дирекцијата за храна денеска ќе извршат увид на состојбата на сите пазари во Македонија и во објектите лоцирани во рамки на пазарите по повод обврската за воведување на ХАСАП стандардите.

Сите производители и трговци со храна, без исклучок, од 1 јануари треба задолжително да го применуваат ХАСАПсистемот за безбедност на храна.

hranaСпоред последните податоци од Дирекцијата за безбедност на храна, ХАСАП досега го вовеле околу пет проценти од фирмите и трговците.

Со примена на принципите се минимизираат ризиците и опасностите за загадување на храната, а со тоа и ризиците од појава на болести и труења со храна.

 

 

{loadposition content9}