Skip to main content

По новогодишната ноќ собрани 41 тон смет од плоштадот Тајмс сквер

Повеќе од 41 тон смет, главно конфети и балони, собраа градските служби за чистота во Њујорк од плоштадот Тајмс сквер по завршувањето на прославата за дочек на Новата 2009 Година.

 |  Крсте Голабовски  | 
Times Square
Тајмс Сквер
Повеќе од 41 тон смет, главно конфети и балони, собраа градските служби за чистота во Њујорк од плоштадот Тајмс сквер по завршувањето на прославата за дочек на Новата 2009 Година.

Во акцијата учествуваа 89 комунални работници со девет специјални возила. Користени се, исто така, 13 механички и 75 рачни машини за собирање на сметот.
Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг им заблагодари на вработените во комуналното претпријатие за огромната ангажираност.

Times SquareНовогодишната прослава овојпат беше добро организирана на њујоршкиот плоштад и полицијата соопшти дека само едно лице било приведено поради нарушување на редот.
И покрај ниските температури, на Тајмс сквер пристигнаа околу еден милион луѓе, а мешу присутните беа и легендарниот пејач Лајнл Ричи, поп-групата „Џонас брадерс“, како и Хилари и Бил Клинтон, кои ја имаа таа чест да го притиснат копчето за придвижување на механизмот на огромниот кристален глобус, кој според вековната традиција се спушта на плоштадот точно на полноќ меѓу 31 декември и 1 јануари.

Масовните новогодишни прослави во центарот на Манхетен започнаа во почетокот на 1904 година, кога истовремено со прославувањето била отворена и главната канцеларија на весникот „Њујорк тајмс“.

 

 

{loadposition content9}