Skip to main content

Охрид и понатаму се бори со снегот по улиците

Градот Охрид во овие неколку дена е блокиран од снежните врнежи и градските и државните власти немаат соодветен одговор на барањата од граѓаните.

 |  Ристе Јакимоски  | 
Ohrid
Охрид
Градот Охрид во овие неколку дена е блокиран од снежните врнежи и градските и државните власти немаат соодветен одговор на барањата од граѓаните.

Сообраќајот во градот се одвива во отежнати услови Од страна на Македонија пат известуваат дека планинските премини се чисти и проодни и нема забрани во сообраќајот. Во меѓуврме Булеварот Туристичка кој е во надлежност на Македонија пат останува неисчистен. Покрај Туристичка неисчистени се голем број на улици во самиот град. Од ваквата ситуација нај незадоволни се граѓаните.
Јавното предпријатие комуналец во овиие празнични денови работи со блокирана сметка и со дотрајана механизација. Од граѓаните бараат малку трпение и време за да се справат со ситуацијата.

OhridТемпературите во текот на неделава се очекува да паднат под нулата со тоа чистењето на улиците ќе биде уште повејќе отежнато.
СВР Охрид известува дека на подрачјето на општината Охрид се регистрирани осум помали сообраќајни наесрејќи со мала материјална штета. Упатуваат апел до возачите за внимателно управување на возилата и задолжително користење на зимска опрема.
На Охриѓани и на гостите им останува да се борат со замрзнатите улички.

 

{loadposition content9}