Skip to main content

Лош почеток на новата година за семејството Арслан

Самохраната мајка со 3-те деца, од недела ќе остане без покрив над глава. Нема пари да ја плати киријата за куќата каде привремено живее.

 |  Билјана Колоска  | 
Ateme Arslan
Атеме Арслан

Самохраната мајка со 3-те деца, од недела ќе остане без покрив над глава. Нема пари да ја плати киријата за куќата каде привремено живее.

Поради неплатена кирија охриѓанката Атеме Арслан од недела ќе остане без покрив над глава. Таа со нејзините 3 малолетни деца ќе биде приморана да ја напушти куќата, каде веќе 9 години живее, бидејќи половина година ги нема подмирено обврските кон сопствениците на истата. Вели, нема од никаде пари, нејзиниот сопруг е починат пред 1 година а таа не е вработена ниту пак прима социјална помош од државава. Досега егзистирале од помошта на нивните пријатели. Сега, кога трпението на сопствениците на куќата попуштило, го известиле семејството Арслан дека во недела ќе мораат по секоја цена да го напуштат објектот.

„Надвор ќе останеме, нема кај да одиме. Со 3-те деца ќе чекаме некој да ни помогне“-вели самохраната мајка Атеме Арслан.

Во моментов, единствена надеж за 4 членото семјество Арслан е само градоначалнико на Охрид. Иако неколку пати се обиделе да стапат во контакт со градоначалникот и не успеале во тоа, сепак како што вели Атеме надежта последна умира. Голема се очекувањата дека Александар Петрески ќе може да му помогне на ова семејство.

Ateme Arslan„Бидејќи 16 години живееме под кирија од градоначалникот бараме еднаш за секогаш да ни се реши стамбениот статус, да имаме покрив над глава“-додава мајката.

Доколку Атеме и децата, ја преживеат ноќта под отворено, најавија мирен протест пред општинската зграда. Рекоа дека ќе протестираат се додека градоначалникот не пројави интерес да ја ислуша нивната мака.

„Како градоначалник очекуваме да ни помогне. Ние го дадовме својот глас за него и се надеваме дека сега ќе има разбирање за нашите барањ“-истакна Атеме.

Таа упати апел и до сите граѓани, кој колку може да му помогне на семејството, за да не останат нејзините деца на улица.

 

{loadposition content9}