Skip to main content

Малата Ерзана долго ќе го памети својот 8–ми роденден

На малата Ерзана денес и беше приредено  најубавото изненадување.

 |  Валентина Нелоска  | 
Erzana
Ерзана
На малата Ерзана денес и беше приредено  најубавото изненадување.

За 8–миот роденден ден  и беше организирана роденденска забава на која присуствуваа голем број другарчиња. Како и  на секој роденден имаше весела музика и  закуска, а  секако неизбежна беше и роденденската торта.

Неизостанаа и подароците донирани од многубројните спонзори.
Ерзана, својата благодарност  за оваа незаборавна роденденска  забава  ја         упати до активистите – волонтери од општинскиот Црвен крст,  кои и го приредија ова несекојдневно  изнендување. 

rodendenska zabavaИвана Видовска,  активист на  Црвениот крст вели сакавме да усреќиме  дете  до 10 годишна возраст кое досега немало можност да  направи  роденденска забава во кафуле. Забавата била организирана без знаење на славеникот, а претходно  биле консултирани училишните педагози.
Оваа роденденска забава беше организирана како еден од  4 –те проекти за промоција  на хуманите вредности. Досега неколу деца кои живеат во потешки економски     услови добиле велосипед или им биле  подобрени животните услови.   

Весна Терзиоска, координатор на проектот  најавува  дека и понатака ќе продолжат со активностите.  Во  месеците кои следуваат ќе усреќат по едно дете со организирање на слични роденденски  забави.

 

 

{loadposition content9}