Skip to main content

Последни тренинзи пред Светското првенство во ракомет

Дваесет дена подготовки, пет контролни натпревари, четири победи, едно реми, два пехара, празници, повреди. Нашите најдобри ракометари минаа низ се што е вообичаено на патот кон Хрватска и второто мундијалско учество.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
Дваесет дена подготовки, пет контролни натпревари, четири победи, едно реми, два пехара, празници, повреди. Нашите најдобри ракометари минаа низ се што е вообичаено на патот кон Хрватска и второто мундијалско учество.

Нема изненадување на списокот на селекторот Темелковски, засега во резерва ќе останат Златко Мојсовски, Недановски, Митревски и Стојанче Стоилов.
Добрата работа и триумфите позитивно ја градат атмосферата. Се е според предвиденото, трите последни дена и пет тренинзи пред заминувањето за Вараждин треба да ја најдат фината глазура на формата.

seniorska reprezentacija„Она што го зацртавме во овој циклус од пет натпревари за две недели подготовки, тоа и го исполнивме. Јас сум задоволен од доприносот, дисциплината и се она што го пружија ракометарите“, изјави Илија Темелковски, селектор на македонската репрезентација.

Имаме доста фонд на играчи коишто треба да ги ротираме и онаа минутажа која ќе ја поминат на терен да биде максимална од нивна страна“, додаде Темелковски. 

 

  
{loadposition content9}