Skip to main content

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму енигма

И понатаму останува неизвесно името на кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО- ДПМНЕ.

 |  Тања Кувенџиска  | 
cestitka
честитка
И понатаму останува неизвесно името на кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО- ДПМНЕ.

Иако се очекуваше, тоа не се објави на состанокот на извршниот комитет на партијата, кој се одржа пред два дена. Јавноста веќе шпекулира околу името на кандидатот кој ќе влезе во трката за градоначалничката фотелја.

ВМРО- ДПМНЕ се уште нема одлучено кој ќе влезе во трката за градоначалничката фотелја на претстојните локални избори. Иако се очекуваше, Извршниот комитет на партијата, на одржаниот состанок пред два дена во Скопје, не го објави името на кандидатот за општина Охрид. Најновите информации говорат дека тоа ќе се случи кон крајот на оваа недела.

Во очекување на конечната одлука на Извршниот комитет на партијата, јавноста се повеќе шпекулира-  кој ќе биде кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО- ДПМНЕ. Неофицијално, меѓу членовите на партијата кружи името на пратеникот Цветко Грозданов.

Boris StefаnoskiОд друга страна, голем број охриѓани, преку ВЕБ порталот на ТВМ се изјаснаа за екс претседателот на општинскиот комитет и актуелен пратеник, Владо Стефаноски. Имено, на порталот на нашиот медиум, на 7 јануари беше поставена анкета насловена како- Идеалниот избор на кандидат за градоначалник од  вмро- дпмне. Сумираните резултати, три дена подоцна го покажаа следното:
Од вкупно 3. 954 граѓани, 2. 351, односно 59, 5% се изјаснале за Владо Стефаноски. 1. 086, односно 27, 5% за Цветко Грозданов и за Анита Кипаризоска- Крстеска, гласале 517, односно 13, 1%.

За потсетување, од општинскиот комитет токму Стефаноски, Грозданов и Крстеска беа посочени дека се во потесниот круг за кандидат за градоначалник.      
Донесените одлуки, сепак, не се конечни.   Финална кандидатура за градоначалник ќе биде онаа која ќе се достави до Државната изборна комисија најдоцна 25 дена пред датумот на кој се закажани изборите.

 

 

 {loadposition content9}