Skip to main content

Утре почнува Светското првенство во ракомет

Со натпреварот во групата Б меѓу Хрватска и Јужна Кореја, утре во 20:30 часот во Сплит почнува Светското првенство во ракомет за мажи.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
Со натпреварот во групата Б меѓу Хрватска и Јужна Кореја, утре во 20:30 часот во Сплит почнува Светското првенство во ракомет за мажи.

Фаворити за највисок пласман се бранителот на титулата Германија, олимпискиот шампион Франција, европскиот првак Данска, Шпанија и домаќинот Хрватска.

Ќе учествуваат 24 репрезентации распоредени во четири групи, а натпреварите ќе се играат во седум градови: Осијек, Сплит, Вараждин, Пореч, Пула, Задар и Загреб.

•    Во групата А ќе се натпреваруваат: Франција, Унгарија, Словачка, Романија, Аргентина и Австралија.
•    Во групата Б: Хрватска, Шведска, Шпанија, Јужна Кореја, Кувајт и Куба.
•    Во групата Ц, во која нашата репрезентација ќе игра во Вараждин се уште и Германија, Полска, Русија, Тунис и Алжир.
•    Во групата Д: Данска, Норвешка, Египет, Бразил и Саудиска Арабија, Србија.

ракометна репрезентацијаВо вториот круг ќе се пласираат трите најдобри екипи од секоја група, а ќе се спојат екипите од групата А со тимовите од групата Б, а од групата Ц со тимовите од групата Д.
Титулата ја брани репрезентацијата на Германија, но прв фаворит по мислење на сите стручњаци е селекцијата на Франција. По неа следат Хрватска, европските шампиони Данска, Шпанија и Германија. Значително помали шанси им се даваат на Шведска, Полска и Русија, додека нашата репрезентација цели кон пласман во втората рунда на Мундијалот.
Светското првенство ќе заврши на 1. февруари со финалниот натпревар во Загреб.

 

 

 

{loadposition content9}