Skip to main content

Министер преку владин меил најавува партиски активности

Министерот без ресор Неждет Мустафа денеска преку службената електронска адреса најави активности на својата партија.

Nedzet Mustafa
Неџет Мустафа
Министерот без ресор Неждет Мустафа денеска преку службената електронска адреса најави активности на својата партија.

Мустафа преку дописот, во кој стои логото на Владата на Република Македонија, ги информира медиумите дека во својство на претседател на Обединетата партија за еманципација денеска попладне ќе одржи работен состанок.

vozen parkСостанокот, на кој што ќе се дискутира за можните кандидати на советничките листи за престојните локални избори, е закажан за во 15 часот во Клубот на пратениците.

Вообичаена практика е за партиски активности на носител на државна функција, соопштенијата да ги испраќа политичката партија.

 

 

{loadposition content9}