Skip to main content

Археолошките локалитети во струшкиот регион запоставени

Додека во Охрид постојано владата вложува во оваа област, не е ваков случајот во  Струга.

 |  Билјана Колоска  | 
nurkac
нуркач

Истражувањата на наколната населба “Врбник“ години наназад тапкаат во место поради недостиг на финансиски средства.

Струшкото подрачје е богато со големи археолошки откритија но јавноста речиси воопшто не е информирана за истите. Иако струшкиот музеј важи за прва институција во Македонија која почна да работи со подводна археологија,  сепак тоа досега не резултираше со видни резултати. Истражувањата на локалитетот  „Врбник“  години наназат стојат во место. Тоа е неолитска, наколна населба,  која има долга хронологија и располага со  интересни и вредни наоди. Овој локалитет која зафаќа голема површина и и вредности,  неопходно е и понатаму да се истражува, велат стручните лица. Која е причината, зошто работите тапкаат во место, на првиот човек на струшкиот музеј не  му е познато. Додека централната власт за археологијата во Охрид издвојува многу, во Струга речиси целосно е запоставена оваа област.

nurkac„Неможам да кажам дека министерството  не  обрнува внимание за локалитетот „Врбник“ но според мене тоа е така. Струшкиот локалитет има поголеми вредности од Градиште и водниот музеј. Тоа немора да значи дека во иднина „Врбник“ нема да е приоритет на министерството-вели Сашо Цветкоски – дир Музеј „Никола Незлобински“.

Директорот кажува дека за продолжување на истражувањата на ова населба веќе 4 години преку проекти, аплицираат до ресорното министерство но залудно, финансиски средства нема од никаде.

Цеткоски се надева дека истражувањата на „Врбник“ ќе продолжат најкасно за една година. Доколку владата не издвои средства за оваа намена,  големии се очекувањата дека во пресрет ќе излезат други меѓународни институции.

 

 

{loadposition content9}