Skip to main content

Албанија треба да уништи 85.000 тони оружје и муниција

Албанија ќе уништи најмалку 85.000 тони опасна муниција и оружје од комунистичкиот период, рече министерот за одбрана Газменд Окета.

 |  Крсте Голабовски  | 
Albanija
Албанија
Албанија ќе уништи најмалку 85.000 тони опасна муниција и оружје од комунистичкиот период, рече министерот за одбрана Газменд Окета.

„Најмалку 85.000 тони оружје и муниција треба да се уништат бидејќи претставуваат опасност за националната безбедност”, рече Окета за АФП и додаде дека ова мора да се стори до 2010 година.

municijaОкeтa рече дека тоа оружје се наоѓа во неадекватни магацини близу населени места.

„Најмалку 54.000 тони ќе бидат демонтирани во воените фабрики, а 31.000 ќе бидат уништени со експлозии на полигоните”, рече албанскиот министер и истакна дека полигоните се наоѓаат на југот на земјата.

 

 

{loadposition content9}