Skip to main content

Авион „Ербас A 320“ се урна во реката Хадсон

Авион „Ербас А 320“, на американската авиокомпанија „Ју Ес ервејс“, со над 150 патници, се урна во студените води на реката Хадсон, во близина на аеродромот во Њујорк „Ла Гвардија“, пренесоа светските агенции.

 |  Крсте Голабовски  | 
avion
авион
Авион „Ербас А 320“, на американската авиокомпанија „Ју Ес ервејс“, со над 150 патници, се урна во студените води на реката Хадсон, во близина на аеродромот во Њујорк „Ла Гвардија“, пренесоа светските агенции.

Непосредно пред инцидентрот, авионот полетал од „Ла Гвардија“ за Шарлот, во Северна Каролина. Тој се обидувал да се врати на аеродромот откако се судрил со јато птици.
Според првичните податоци птиците оштетиле два мотора на авионот.

avionПортпаролката на Федералната администрација за авијација (ФАА) соопшти дека сите патници од авионот се извлекле неповредени и без опасности се извадени од авионот, кој пловеше на површината на реката. Оваа вест за Си Ен Ен ја потврди и генералниот директор на „ Ју Ес ервејс“ Даг Паркер.
Според податоците на ФАА во трупот на авионот имало 148 патници и четворица или петмина членови на екипажот.

 

 

{loadposition content9}