Skip to main content

Саемот за туризам може да почне

Охрид е подготвен  за стартување на вториот меѓународен саем за туризам. Саемот ќе го посетат голем број странски туроператори од Холандија,  Германија, Турција и од земјите од опкружувањето.

 |  Лионела Јаковлева  | 
saemska hala
саемска хала
Охрид е подготвен  за стартување на вториот меѓународен саем за туризам. Саемот ќе го посетат голем број странски туроператори од Холандија,  Германија, Турција и од земјите од опкружувањето.

Се е подготвено за започнувањето на Меѓународниот саем за туризам. Во салата „Билјанини извори“ денес се поставија 34 штандови на кои во наредните три дена ќе се презентираат фирми, агенции, занаетчии, хотели, ресторани од земјава и странство.

Biljanini izvoriСаемот ќе го посетат голем број странски туроператори од Холандија,  Германија, Турција и од земјите од опкружувањето. Во рамките на Саемот за туризам се планира да се одржи Бизнис форум во организација на двата факултети за туризам, охридскиот и скопскиот, како и од министерството за економија, на актуелни теми од туризмот. Ќе се одржи и  натпревар по гастрономија во хотелот Дрим. Учесниците на саемот ќе присуствуваат и на големата  верска манифестација Водици.Покровител на манифестацијата е премиерот Никола Груески, а  организацијата е  на  Туристичките комори на Македонија, Балканската  хотелска асоцијација и  Агенцијата за промоција и подршка на туризмот.

 

 

{loadposition content9}