Skip to main content

Проектот за управување и заштита на Дримскиот басен речиси готов

Започнува реализирањето на проектот за управување и заштита на Дримскиот басен. Петгодишната упорна работа за брзо време ќе биде крунисана со конкретни резултати. Во проектот се вклучени четирите држави низ кои минува реката Дрим.

 |  Лионела Јаковлева  | 
karta
карта
Започнува реализирањето на проектот за управување и заштита на Дримскиот басен. Петгодишната упорна работа за брзо време ќе биде крунисана со конкретни резултати. Во проектот се вклучени четирите држави низ кои минува реката Дрим.

Пристигна извештајот за моменталната состојба на Дримскиот басен. Ова претставува почеток на реализирањето на проектот за управување и заштита на Дримскиот басен.

Дејан Пановски, државениот советник за води вели дека ова е резултата на петгодишна упорна тимска работа и дека со овој проект многу ќе добие охридско-струшкиот регион, но и целата држава.

kartaОд денес започнува едногодишната подготвителна фаза на проектот. Ќе се прави мрежа од искуствата добиени од проектите работени за Охридското, Преспанското и Скадарското езеро по што следува анализирање и мониторинг. Овој проект  е значаен од еколошки, социјален, но и енергетски аспект. Во неговата реализација се вклучени четирите држави низ кои минува  реката Дрим и тоа Македонија, Црна гора, Косово и Албанија.

 Аријан Мероли, претставникот на проектот од Албанија вели дека реката Дрим е од особено значење за неговата држава бидејќи од неа го црпи целокупниот енергетски потенцијал.

На 28 јануари ќе се одржи состанок помеѓу министрите за животна средина и просторно планирање од Македонија и Албанија. Главна точка на дневен ред е токму проектот за Дримскиот басен. Носител на овој проект е Билатералниот секретарјат, а финансиер е Светска банка.

 

 

 

{loadposition content9}