Skip to main content

Митко Топејнчаров по четврт пат го фати чесниот крст

Топенчаров беше најсреќниот од над 1.000- те капачи кои запливаа во студените езерски води. Не ја открива тајната- како да се биде најумешен и да се извлече крстот од езерото.

 |  Тања Кувенџиска  | 
Mitko Topencarov
Митко Топенчаров
Топенчаров беше најсреќниот од над 1.000- те капачи кои запливаа во студените езерски води. Не ја открива тајната- како да се биде најумешен и да се извлече крстот од езерото.

Над 20.000 верници и гости од соседните земји  присуствуваа на чинот на фрлањето на светиот крст во водите на охридското езеро.

Манифестацијата започна во 9 часот со културно- уметничка програма и топла ракија која бесплатно се делеше на повеќе пунктови. Настапи познатиот македонски гитарист Влатко Стефаноски. Присутните ги поздрави градоначалникот Александар Петрески, а се обрати и македонскиот претставник во Операцијата Триумф, Александар Белов.    
Како што и беше најавено, 15 минути по десет часот, Митрополитот дебарско- кичевски и плаошки г- н Тимотеј, го фрли крстот меѓу насобраните капачи. Најумешен меѓу нив беше варошанецот Митко Топенчаров, кој годинава по четврти пат успеа да го извлече крстот од осветените води на охридското езеро.

kapaci„ Чувството е прекрасно, вели Митко Топенчаров. Традицијата ја негуваме со години. Сепак, нека остане тајна како се успева крстот да се фати четрти пат“.
Околу пладне, тајфата на фаќачот на крстот ја започна посетата на домовите, посакувајќи многу здравје и бериќет.   

Годинешните кумови на манифестацијата: Борис Маркулески, Олег Маленко и Христијан Шапкар, на традиционалната свечена вечера во ресторанот Св. софија на Топенчаров ќе го даруваат со златна реплика на светиот крст во вредност од 3.500 евра.
Општинскиот црвен крст, во рамки на манифестацијата ја организираше акцијата – Имаш пет минути- дарувај крв. Велат дека се задоволни од хуманоста која ја покажале охриѓани.
Црвениот крст мораше да интервенира при извлекувањето на тројца давеници во водите на езерото, како и да им помогнат на повеќе од десет премрзнати капачи.    
Утре со традиционалното капење на рибарите на Сараиште ќе биде одбележан празникот Свети Јован Крстител.

 

 

 

{loadposition content9}