Skip to main content

Охриѓани на традиционално капење

Со традиционално капење, со полнење од осветената вода и палење свеќи со топла ракија и пача, охриѓани традиционално го одбележаа големиот христијански празник Богојавление-Водици.

 |  Лионела Јаковлева  | 
pristanishte
пристаниште
Со традиционално капење, со полнење од осветената вода и палење свеќи со топла ракија и пача, охриѓани традиционално го одбележаа големиот христијански празник Богојавление-Водици.

Православните верници денеска го прославуваат големиот христијански празник Богојавление-Водици. Празникот е поврзан со крштевањето на Исус Христос од Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа. Охриѓани овој празник масовно го празнуваат, а го празнувале и во времето кога тоа беше забрането. Петар Коцо вели дека езерските води се осветувале и пред педесетина години кога тоа не беше дозволено од власта. Овој чин се правел тајно и во раните утрински часови. Коцо раскажува дека магијата на денот тогаш била учте поголема.

OhridДенешниот празник уште се нарекува и Водици поради големиот водосвет што го извршува Црквата на овој ден. Водосветот е симбол на обновувањето на нашата огревовена природа и на целиот космос преку вода и дух. Многу охриѓани денес се нурнаа во водите на езерото со цел да го прочистат своето тело и дух и господ да им даде здравје и благосостојба.

Православните верници денес масовно ги посетуваа христовите храмови. Во охридската црква Св. Никола- Ѓеракомија се палеја свеќи за здравје и се полнеше осветена вода. Анастас Чочегов вели дека осветената вода ома лековити својства и дека дома ја користат кога некој има здравствен проблем. Тој додава дека оваа вода е исто што и водите на реката Јордан во кои бил крстен Исус.
Денес во кафулињата и рестораните во охридската чаршија по повод овој голем христијански празник бесплатно се служеше топла ракија и пача. Денешниов ден согласно Законот за празници на РМ е прогласен за неработен.

 

 

{loadposition content9}