Skip to main content

Започна ловот на пастрмката која ќе се користи за вештачки мрест

Екипите од Хидробиолошки завод денес ги уловија првите примероци. Меѓу нив, мал е бројот на единките кои можат да бидат искористени за репродукција.

 |  Тања Кувенџиска  | 
molzenje pastrmka
молзење пастрмка
Екипите на Хидробиолошки завод, по петти пат, го започнаа ловот на пастрмката за вештачки мрест. Единките беа уловени на три пунктови: кај Пештани, Трпејца и Охрид. Споредено со изминатите неколку години, денешниот улов е слаб, велат од Хидробиолошки завод. мал е бројот на единки кои би се искористиле за давање на подмладок. основната причина за ова ја гледаат во фактот што од албанската страна на езерото и понатаму неконтролирано се лови пастрмката помлада од 2- 3 години.  

„Денес уловот е релативно слаб. Очекувавме да биде подобар. Ги нема единките кои би можеле да се искористат за репродукција“, вели Зоран Спиркоски од  Хидробиолошки завод- Охрид.

pastrmkaОд тие причини научните работници апелираат ловот на пастрмката со закон да се забрани и од албанска страна.    
Како што е познато, по собирањето на икрата од уловените матици тие ќе бидат живи вратени во езерото. Целта е да се обезбеди биолошкиот минимум на пастрмката.

„Ловот го вршиме со рибари на неколку пунктови, како што беше случај и во изминатите 5 години“, информира Гоце Костоски, Директорот на Хидробиолошки завод.

Од Хидробиолошки завод се надеваат дека и годинава ќе успеат да соберат околу 3 милиони икра.
Ловот на пастрмката за вештачки мрест и годинава се врши со средства на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

 

{loadposition content9}