Skip to main content

Милошоски во Калкута ќе положи спомен плоча на гробот на Мајка Тереза

Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски во рамките на неколкудневната официјална посета на Индија денеска ќе престојува во Калкута, градот во кој речиси седум децении живеше и работеше најпознатата Скопјанка во светот, хуманистката и нобеловка Мајка Тереза.

Antonio Milososki
Антонио Милошоски
Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски во рамките на неколкудневната официјална посета на Индија денеска ќе престојува во Калкута, градот во кој речиси седум децении живеше и работеше најпознатата Скопјанка во светот, хуманистката и нобеловка Мајка Тереза.

grobМилошоски во Калкута ќе го посети Домот и Музејот на Мајка Тереза, а на нејзиниот гроб ќе положи спомен плоча како благодарност од граѓаните на Република Макеоднија. Ќе се сретне со нејзината наследничка сестра Нирмала при што ќе ја информира за последните подготовки за претстојното отворање на спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје на 30 јануари.
Предвидени се  средби и со градоначалникот на Калкута и со министерот за финансии на индиската сојузна држава Западен Бенгал.

Официјалната посета на Индија, македонскиот министер за надворешни работи ќе ја заокружи вечер со средба во Њу Делхи со индиски бизнисмени на кои ќе им ги претстави можностите за инвестирање во Македонија.

 

 

{loadposition content9}