Skip to main content

Киното во Охрид нема да згасне

Киното во Охрид нема да згасне, велат од Центарот за култура „Григор Прличев“ . Започна новата филмска сезона а за да се стимулираат гледачите на секоја втора купена карта третата е гратис.

 |  Лионела Јаковлева  | 
ime
име
Киното во Охрид нема да згасне, велат од Центарот за култура „Григор Прличев“ . Започна новата филмска сезона а за да се стимулираат гледачите на секоја втора купена карта третата е гратис.

Центарот за култура „Григор Прличев“ грчевито се бори да не згасне киното. Директорката на центарот, Драгана Боцевска вели дека Охрид е еден од ретките градови во Македонија каде сеуште има кино. Таа додава дека непријател број еден во оваа битка им е се пораширените пиратерија.

kino plakatСо најновото продолжение од серијалот за Индијана Џонс, Кралството на кристалниот череп од вчера започна зимската филмска сезона. Ова е уште еден обид да заживее охридското кино и кај граѓаните да се врати навиката за гледање филмови на големото платно.

Боцевска кажува дека и во наредниов период ќе се обидат да донесат интересни филмски изданија. За наредната недела се најавува акциониот филм Американски ганкстер со Дензел Вашингтон и Расел Кроу во главните улоги, а за понатаму публиката ќе може да види и филмови од европската продукција, но и од македонската. Во преговори се за прикажување на филмот посветен на Кочо Рацин, Елегија за тебе. Боцевска  вели дека во иднина ќе се залага филмовите истовремено да се прикажуваат во трите градови каде сеуште има кино сали, а тоа се Скопје, Битола и Охрид.

 

 

{loadposition content9}