Skip to main content

Отстапка од спроведување на Хасап стандардите нема

Хасап стандардите ќе стават клуч на вратите на голем број угосителски објекти.

 |  Валентина Нелоска  | 
restoran
ресторан
Хасап стандардите ќе стават клуч на вратите на голем број угосителски објекти.

Со имплементацијата на Хасап стандардите, без леб ќе останат голем број  вработени, велат угостителите. Околу 25.000 објекти не можат да го воведат,  не се докрај запознаети или имаат судир со Хасап стандардите, потенцира Љупчо Патчев, познат охридски угостител.

„Ние угостителите не сме против Хасап стандардите,  хигиената при приготвувањето на храна треба да е на прво место“ вели Патчев.

kujnaУгостителите бараат почести инспекциски контроли за хигиенско-техничките услови на објектите. Во моментов кај угостителите има збрка бидејќи се јавуваат консултански  фирми  кои ги нудат своите услуги за имплементирање на стандардите по различни цени од 500 до 2500 евра. Патчев смета дека постојат пропусти и нелогичности во Хасап стандардите.  Дали може да се служат и приготвуваат македонските национални јадења во ростфрај садови, а не во керамички (земјени) садови, кои се неприфатливи за Хасап стандардите.
 
Месец мај е последниот рок за имплементацијата на Хасап стандардите за сите правни субјекти  кои произведуваат, тргуваат и дистрибуираат храна. Негово пролонгирање  нема да има, потенциираат  надлежните служби. Од РЗЗЗ препорачуваат навреме и стручно да се отпочне со воведување на стандардите.
Надлежните служби потенцираат дека досега е мал бројот на објекти кои ги спровеле Хасап стандардите. До месец март испекторите ќе пишуваат опомени, а во мај ќе се изрекуваат казни и ќе се затвараат објектите.

 

 

{loadposition content9}