Skip to main content

Македонија ги започнува натпреварите од втората фаза на СП во ракомет

Македонската ракометна репрезентација денеска во Задар се среќава со репрезентацијата на Норвешка, во рамки на втората фаза од Светското ракометно првенство, што се одржува во Хрватска.

 |  Крсте Голабовски  | 
rakometari
ракометари
Македонската ракометна репрезентација денеска во Задар се среќава со репрезентацијата на Норвешка, во рамки на втората фаза од Светското ракометно првенство, што се одржува во Хрватска.

Со победата во четвртокот против Русија, македонските ракометари го постигнаа најголемиот успех, пласирајќи се меѓу 12-те најдобри селекции на светот.

rakometariМакедонската репрезентација натпреварите ги започнува со два бода, освоени во мечот со Полска од првата фаза. Во група со Македонија се и репрезентациите на Данска и Србија.

Се очекува македонските ракометари во следните три меча да ги бодрат и голем број македонски навивачи, кои од денеска организирано пристигаат во Хрватска.

 

 

 

 

{loadposition content9}