Skip to main content

Нероден Петко, капа му кројат

На нероден Петко,  Владата и Локалната упорно се обидуваат капата да му ја скројат. Месеци наназд со преписи се договараат со каква вода да се полни современиот Олимписки базен кој сака да го ради Владата.

 |  Тања Кувенџиска  | 
DUP
ДУП
На нероден Петко,  Владата и Локалната упорно се обидуваат капата да му ја скројат. Месеци наназд со преписи се договараат со каква вода да се полни современиот Олимписки базен кој сака да го ради Владата.

При тоа се занемарува еден мал проблем- онаму каде што инвеститорот сака да го подигне, со урбанистичкиот план тој воопшто не е предвиден.

Бројни преписи веќе подолго време си испраќаат Локалната самоуправа и Владата. Се договараат- со каква вода ќе се полни современиот Олимписки базен кој Владата има намера да го гради во Охрид. При тоа, најмалку внимание се обрнува на локацијата на која објектот ќе биде подигнат.

sportska salaСпоред постоечкиот ДУП за СРЦ Билјанини извори, базен е предвиден во близина на веќе постоечкиот. Опција за која се залага Локалната самоуправа.
Од друга страна, инвеститорот- Владата си избрала друга локација. Тоа е аголот на улиците Асном и Булевар Туристичка.

Според дописите до кои дојде ТВМ, повеќе од очигледно е дека двете страни никако не успеваат да се разберат. Локалната самоуправа ја советува Владата да си почне со градењето. Како што стои во дописот од 28 октомври 2008 до Агенцијата за млади и спорт: ДУП-от за СРЦ Билјанини извори , каде е планиран базенот, е во завршна фаза. Ќе се најде на седницата закажана кон средината на месец ноември истата година. Затоа, од Локалната самоуправа ја советуваат агенцијата- да си започне со градењето.

Горенаведениот ДУП до денес не се најде пред охридските советници. Доколку и дојдеше до тоа, проблемот е што тоа не е оној кој и е потребен на Владата за да започне со градењето. За локацијата која таа ја обра, ДУП- от е во фаза на изработка, но со него воопшто не е предвиден базен.

 

 

 

{loadposition content9}