Skip to main content

Охриѓанецот Мишко Танески на Килиманџаро

Охриѓанецот Мишко Танески, член на планинарското друштво „Магаро“, успеа да се искачи на врвот на Африка, совладувајќи ги снежните врвови на Килиманџаро.

 |  Крсте Голабовски  | 
Охриѓанецот Мишко Танески, член на планинарското друштво „Магаро“, успеа да се искачи на врвот на Африка, совладувајќи ги снежните врвови на Килиманџаро.

Во изјавата дадена воТанзанија, Танески рече дека мисијата на совладувањето на врвот Ухуру Пик (5.896) траела шест дена и оти по мала криза на самиот крај на искачувањето сепак неговата експедиција успеала во саботата во 16:50 часот по македонско време да се искачи на врвот на Африка.

Танески во оваа мисија учествува како член на српската планинарска експедиција „Натуралимитс“ од Зрењанин. Триесет и седумгодишниот охриѓанец за Танзанија отпатува на 17 овој месец. Инаку, тој во состав на мешовита Македонско-српска експедиција на 10 август минатата година успешно се искачи на 4.810 метри високиот врв Монт Блан.

Танески вели дека целта му е да ги совлада седумте највисоки врвови во светот.

 

 

{loadposition content9}