Skip to main content

Продолжуваат обвинувањата на релација Локалната самоуправа-Агенцијата за млади и спорт

Инвеститорот тврди дека се уште нема добиено предлог- локација за изградба на современиот Олимписки базен. Од Локалната ги отфрлаат обвинувањата.

 |  Тања Кувенџиска  | 
ulica
улица
Инвеститорот тврди дека се уште нема добиено предлог- локација за изградба на современиот Олимписки базен. Од Локалната ги отфрлаат обвинувањата.

Агенцијата за млади и спорт ја обвинува Локалната самоуправа дека не придонесува кон реализација на нивниот проект за изградба на современ Олимписки базен. Локалната власт единствено даде предлог кој за нас е неприфатлив- објектот да се гради врз постоечкиот базен, тврдат од Агеницијата за спорт и млади. Тоа пак, се коси со нашата идеја- да не се рушат постоечки објекти, туку да се градат целосно нови, велат од таму.

„Во моментов нема друга конкрентно понудена локација од страна на општината. Не постои ниту важечки ДУП со кој се предвидува таков објект со олимписки стандарди за да може да започнеме со градба. Подготвени сме да разговараме за секоја локација, само ако Локалната самоуправа сака да се гради базен во Охрид“,вели Петар Богоевски од Агенција за млади и спорт.

Од таму остануваат на ставот- Локалната самоуправа да овозможи градење на базен на аголот на улицата АСНОМ и Булевар Туристичка.  

lokacijaОд друга страна Градоначалникот Петрески тврди дека понудата од страна на Локалната не е да се гради врз постоечкиот базен, туку во негова непосредна близина. Тоа се предвидува со измените на ДУП за овој дел од градот, објаснува Петрески и ги отфрла обвинувањата на агенцијата за некооперативност.

И денес, како и многу пати до сега, на наши прашања од областа на урбанизмот одговараше градоначалникот. Наместо  тоа да биде првиот човек на Секторот за урбанизам, чија обврска е да дава информации од оваа областа. Г- нот Бранко Арнаудоски и овој пат се сокри зад својот претпоставен.
Како што веќе ТВМ информира, намера на Владата, односно Агенцијата за спорт и млади е на аголот помеѓу улицата АСНОМ и Булевар Туристичка да изгради современ базен. Би се градел по теркот на Водената коцка- базенот кој специјално беше изграден за потребите на последните Олимписки игри во Кина.   

 

 

{loadposition content9}