Skip to main content

Израел и Палестинците треба да ги обноват мировните преговори

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Израел и Палестинците треба да ги обноват мировните преговори, притоа давајќи им поддршка на напорите на саудискиот крал Абдула да го активира арапскиот план за мир на Блискиот Исток.

 |  Крсте Голабовски  | 
karikatura
карикатура
Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Израел и Палестинците треба да ги обноват мировните преговори, притоа давајќи им поддршка на напорите на саудискиот крал Абдула да го активира арапскиот план за мир на Блискиот Исток.

IzraelВо интервју за арапската телевизија „Ал Арабија“, Обама истакна дека неговата администрација ќе направи целосно приближување во односите со муслиманскиот свет.
Обама смета дека неговата администрација почнува да ги исполнува ветувањата од предизборната кампања со назначувањето на поранешниот сенатор Џорџ Мичел за пратеник на Блискиот Исток.

Тој во интервјуто повтори уште еднаш дека ќе ги исполни ветувањата за повлекување на американските војници од Ирак, да им се обрати на муслиманите од главен град на голема муслиманска држава и да му подаде пријателска рака на муслиманскиот свет.

 

 

{loadposition content9}