Skip to main content

Даниел Албрехт сеуште во вештачка кома

Универзитетската болница во Инзбрук во која на одделението за интензивна нега се наоѓа швајцарскиот скијач Даниел Албрехт објави вести за неговата здравствена состојба.

 |  Крсте Голабовски  | 
Daniel Albreht
Даниел АЛбрехт
Универзитетската болница во Инзбрук во која на одделението за интензивна нега се наоѓа швајцарскиот скијач Даниел Албрехт објави вести за неговата здравствена состојба.

Тој и натаму се наоѓа во состојба на вештачка кома, но малото крварење во белите дробови предизвикало воспалување против кое докторите се борат со антибиотици.

Daniel Albreht„Ваквите воспаленија се појавиваат во 80% на сите пациенти кои имаат белодробни повреди од ваков вид. Ноќта ја минал мирно и стабилно, но во вештачка кома ќе биде се додека белите дробови целосно не му се опорават“, стои во соопштенијата на болницата.

Само за потсетување, Швајцарецот падна на тренингот на спустот минатиот четврток. Ја изгуби рамнотежата за време на скокот долг преку 50 метри, откако налетот на ветер му ги дигна скиите напред.Измерената брзина во моментот била 138 км/ч и од тогаш е во индуцирана кома.

 

{loadposition content9}