Skip to main content

ЕУ бара активна улога на САД во борба против климатските промени

Европа смета дека САД мора “целосно“ да се ангажираат во борба против глобалното загревање за да најнапредните држави во развој се уверат дека треба да придонесат за оваа борба.

 |  Крсте Голабовски  | 
balon
балон
Европа смета дека САД мора “целосно“ да се ангажираат во борба против глобалното загревање за да најнапредните држави во развој се уверат дека треба да придонесат за оваа борба.

Ова синоќа во Брисел го изјави еврокомесарот за животна средина Ставрос Димас.

“Јасно е дека без целосна и активна поддршка на САД не е можно никакво глобално решение“, наведе Димас во писмото на американскиот претседател Барак Обама.

Еврокомесарот додаде дека САД мора ова да го направат не само поради тоа што се одговорни за 22 проценти од емисиите на гас, туку и поради тоа што “другите држави, како Кина, не гледаат причина зошто би делувале, ако најразвиените економии во светот не дадат цврсти ветувања“.

efekt na staklena gradinaДимас потсети дека лидерите на ЕУ се обврзале во декември, лани, дека до 2020 година ќе ја намалат емисијата на гасови за 20 проценти во однос на нивото од 1990 година.

“Светот очекува Америка да го покаже истото ниво на ангажирање како и Европјаните“, додаде еврокомесарот.

ЕК, денеска, ќе ги предложи целите и акциите што треба да се реализираат и преземат во борба против климатските промени со оглед на тоа што во декември, годинава, во Копенхаген ќе се одржи Самит на ООн за заштита на климата по 2012 година.

 

 

 

{loadposition content9}