Skip to main content

„Христо Узунов“ со нов двор

О.У. „ Христо Узунов“ се поднови со инвестиција од над 1 милион денари.

 |  Ристо Јакимоски  | 
natpis
натпис
По реализацијата на инвестицијата во вредност од преку 4 милиони денари со која се замени комплетната надворешна дограма на охридската Гимназија, деновиве заврши  уредувањето на училишниот двор на ОУ „Христо Узунов“ во населбата Горна Влашка Маала.

„Со уредувањето на училишниот двор, подобрена е целосната слика за училиштето. Во иднина ќе се намалат инцидентите, во кои учениците се здобиваа со повреди“-коментар на директорката Оливера Пирузеска Јанева.

ucilishen dvorКомплетното уредување на дворот и патеките значеше и комплетно поплочување  со   бехатон-плочки во површина од 1.500 метри квадратни. За новиот, убав изглед на дворот на  едно од училиштата со најмногу ученици во општината, беа издвоени околу еден милион денари буџетски средства.

 

 

{loadposition content9}